Камчев ќе преспива во затворот во Струга

Камчев ќе преспива во затворот во Струга

Осудениот бизнисмен, Орце Камчев синоќа со лична карта сам се пријавил во затворот во Струга каде треба да ја издржува затворската казна за случајот „Империја“, откако се спогоди со обвинителството.

Тој плати околу 5 милиони евра за затаен данок и доби една година затвор, но ќе го служи во отворениот затвор во Струга каде само се преспива.

Тој во мај ја смени адресата на живеење, од Скопје во Охрид и наместо во Шутка ќе лежи во Струга.

Камчев треба да одлежи околу 7 месеци во затвор.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.