Иако често се препорачува при настинки, сепак, витаминот Ц за нашето тело претставува многу повеќе само за „лек“ за настинка. Недостатокот може да се манифестира на различни начини во цело тело, а ова се некои од знаците.
Витаминот Ц игра клучна улога во способноста на телото да произведува и користи енергија. Помага храната да се претвори во енергија. Ако често се чувствувате уморни или слаби, тоа може да биде знак дека производството на енергијата во вашето тело е загрозена поради недоволно витамин Ц.
Витаминот Ц е клучен за заразнување на раните, а ако бавно се регенерира кожата при рана, тогаш тоа е знак дека има недостаток на витамин Ц.
Еден од показателите за недостаток на витамин Ц е крварење на непцата. Проблемите со кожата може да бидат исто така сигнал дека ви треба витамин Ц, додека исто така и болки во зглобовите и мускулите.