Римскиот археолошки локалитет Помпеја ќе го ограничи бројот на посетители на локалитетот на 20.000 дневно почнувајќи од 15 ноември, по наглото зголемување на бројот на посетители, јави Би-би-си.
Габриел Зутригел, директор на локалитетот, рече дека намалувањето на влијанието на посетителите на Помпеја е важно за зачувување и безбедноста на археолошкиот локалитет.
Ограничувањето од 20.000 посетители дневно веројатно ќе резултира со намалување на бројот на туристи само во неколку прилики. Портпаролот на наоѓалиштето изјави дека бројот на посетители надминува 20.000 само кога влезот е бесплатен, во првата недела од месецот.
Рекордни 36.000 туристи го посетиле ова место во првата недела од октомври. Повеќе од 480.000 луѓе го посетиле во текот на октомври 2024 година, во просек околу 15.000 посетители дневно. Најпрометниот месец годинава беше мај, со околу 517.000 луѓе или околу 16.000 посети дневно.
Речиси четири милиони луѓе ја посетија Помпеја во 2023 година, што е за една третина повеќе од претходната година.
Помпеја, римски град закопан во ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера, е едно од најдобро зачуваните римски локалитети во светот.