Хари Кејн го понесе трофејот за најдобар стрелец, Мбапе не се појави

Капитенот на Англија, Хари Кејн, ја освои наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелез во минатата сезона.

За време на церемонијата на „Златната топка“, фудбалерот на Баерн Минхен доби награда која, во принцип, треба да ја подели со Килијан Мбапе.

Двајцата завршија со по 52 гола, но францускиот напаѓач на Реал Мадрид не се појави во салата во Париз. Ова е првпат во историјата оваа награда да има двајца добитници.

-Ја земам наградата, но и двајцата ја заслуживме, прокоментира Кејн.

Покрај тоа, англискиот интернационалец е на десеттото место за „Златната топка“.