Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567.7 милиони евра и бележи пад од 7.7 % во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е...
Haberler:
Nobel Barış Ödülü, nükleer silahların durdurulması için çalışan Japon hareket Nihon Hidankyo’ya verildi
Rusya Savunma Bakanlığı’na nükleer endüstri güvenliği yetkisi verildi
Milton Kasırgası yıktı geçti: 16 kişi hayatını kaybetti
‘FETÖ Borsası’nın mimarı, savcı Okan Bato’ya hapis cezası
Bakanlık ilk kez açıkladı: Cezaevlerinde 498 evli çift var
UNICEF: Cinsel istismara uğrayan kız çocuklarının sayısı 650 milyon!
Haas announces Toyota partnership as Japan’s automaker returns to F1
Lebanon raises death toll in Beirut strikes to 22
706 children accompany mothers in Turkish prisons: justice minister
Earthquake felt in Demir Kapija
Zhegrova i prin listës së driblimeve në Ligën e Kampionëve, lë pas Vinicius Jr
Në sulmet ajrore izraelite ndaj Bejrutit humbën jetën 22 persona
Qeveria e Kosovës ndan 200 mijë euro ndihmë për Bosnjën, pas vërshimeve të fundjavës
Internet përdorin 90,8 për qind e amvisërive në vend
Ndjehet tërmet në Demir Kapi
ФК Вардар го претстави новиот сопственик
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки
Ураганот Милтон во Флорида усмрти најмалку 14 луѓе
Category: Македонски
Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95
Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти. Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50,...
Претседателот на Собранието Гаши го прими новоименуваниот француски амбасадор, Ле Риголер
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска го примил новоименуваниот амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер, посакувајќи му добредојде и успешен мандат во земјава. Акцентот на средбата, како што соопштија од собраниската прес-служба, бил ставен на можностите за понатамошно продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, на улогата на Северна Македонија како партнер во НАТО,...
Македонските медалисти од јуниорското СП во кикбокс на прием во Владата, честитки од Мицкоски и Ристовски
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски на свечен прием во Владата на членовите на македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација им го честитаа постигнатиот успех на неодамнешното Светско првенство и освоените два златни и еден сребрен медал. „Нивната посветеност, напор и борбен дух се инспирација за сите нас и покажуваат...
Во Порторико запленети над 1,6 тони кокаин
Американски федерални агенти вчера запленија кокаин вреден 33 милиони долари од брод кој се обидел да ја прошверцува дрогата на малиот порторикански остров Виекес. Повеќе од 1,670 килограми кокаин биле запленети откако непознати лица го истовариле товарот од брод и побегнале од областа, соопшти Царината и граничната заштита на САД. Островот Виакес се наоѓа источно...
Во три случаи на три грчки острови спасени над 170 бегалци и мигранти
Во три одвоени случаи на грчките острови Тилос, Родос и Гавдос, крајбрежната служба на Грција открила и спасила вкупно 177 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Крајбрежната служба на островот Тилос, била информирана од полициската станица дека во конкретна, тешко проодна област постои група мигранти, по што веднаш на терен излегле два патролни чамци,...
Ваучери за одмор за 1.777 лица со ниски примања
Министерството за економија и труд додели ваучери за одмор на работници со ниски примања. Доделени се 1.777 ваучери кои ќе може да се искористат од 15 септември до 1 декември во некои од туристичките капацитети во земјава. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој ги врачи ваучерите, рече дека тие се доделени на граѓани...
Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Бугарија, Желјазко Радуков. Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, соговорниците го потврдиле заедничкиот интерес и посветеност за натамошен развој на билатералните односи и унапредување на соработката во...
ФИФА: Годинава се направени рекордни 11.000 трансфери
Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска објави дека во 2024 година се направени рекорден број од 11.000 регистрирани меѓународни трансфери, што е зголемување за 4,8 отсто во однос на истиот период лани. Исто така, е објавено дека клубовите ширум светот потрошиле повеќе од 6,4 милијарди долари за обештетување, што е втора најголема сума во историјата, но...
Пукање во училиште во САД, има загинати
Најмалку четири лица се верува дека се убиени, а околу 30 други се повредени во пукање во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија, според извори за спроведување на законот во државата. Не е јасно колку од повредите се од прострелни рани. Информациите се прелиминарни и може да се променат. Во притвор е осомничен кој е...