Во „Јахја Кемал“ почна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2024/2025 година, пилот програма.
Наставата се реализира според наставниот план и програма за основното образование подготвени од Бирото за развој на образованието, а утврдени од МОН.
Паралелките се на македонски и на албански наставен јазик, наставата се реализира со помош на најсовремени технички средстваː компјутери и паметни табли, IQ игри, а посебен акцент се става на интезивното изучување на англискиот јазик, и шахот како задолжителен предмет во првото одделение.