Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска изјави дека повеќе од 30 лица се повредени во уривањето на настрешницата на зградата на железничката станица во тој град.
Претходно српски медиуми јавија за еден загинат, но засега нема официјална потврда од властите како и за најмалку 30 повредени.
Несреќата се случи напладне. На местото на несреќата има голем број амбулантни возила.
Кон Нови Сад се упати српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.