Во Појасот Газа загинаа уште 71 Палестинец, вкупно 38.919 од почетокот на војната

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во претходните 48 часа загинале 71 лице.

За време на војната со израелските сили, според соопштението на Министерството, загинале вкупно 38.919 Палестинци.

Се додава дека од почетокот на војната на 7 октомври, во Појасот Газа се ранети 89.622 лица.