Шведска сака да го забрани питачењето

Шведската централно-десничарска влада и екстремно десничарските шведски демократи размислуваат за забрана на питачење во целата земја, што, според нив, доведува до зголемување на криминалот.

Лидерката на шведските демократи, Линда Линдберг, смета дека тоа би било добро и апсолутно неопходно.

Питачењето беше ретко во Шведска до почетокот на 2010-тите, кога многу граѓани на ЕУ дојдоа во Шведска од други земји да питачат, изјави Линдберг на прес-конференција.

Таа рече дека тоа довело до посистематски и елаборирани кривични дела и додаде дека во Шведска и претходно постоеле забрани за питачење.

„Според нас, не е разумно луѓето да патуваат на половина пат низ Европа за да питачат пред нашите продавници“, вели Линдберг.

Владата назначи истражител да испита како забраната за питачење би можела да се спроведе без да се прекршат меѓународните конвенции и човековите права, а своите наоди ќе ги презентира пред шведскиот парламент на крајот на јуни 2025 година.