Најмалку девет загинати и над 200 во тешка состојба во Либан по експлозиите на пејџерите

Најмалку девет лица загинаа, а над 2.750 се повредени во серија истовремени експлозии на пејџери низ Либан. Неколку експлозии имаше и во Сирија.

Меѓу жртвите наводно има и деветгодишно девојче.

Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад изјави дека околу двесте повредени се во тешка состојба.

Меѓу повредените има борци и медицински лица од Хезболах, од либанската паравојска која ја контролира земјата и води војна против Израел. Иранските медиуми објавија дека и иранскиот амбасадор во Либан, Мојтаба Амани, е полесно повреден.

Бранот експлозии траеше околу еден час по првичната, која се случи во 15:30 часот по локално време.

Ројтерс јавува дека експлозиите најмногу одекнале во јужниот дел на Бејрут и другите упоришта на Хезболах.

Некои очевидци велат дека пејџерите прво ѕвонеле, а потоа експлодирале кога луѓето ги земале или ги донеле до лице за да ја прочитаат пораката.

На социјалните мрежи се објавени неколку видеа од експлозиите на кои се гледа како убиваат оние кои го држат пејџерот или луѓето до нив.