Португалија лесно ја совлада Турција и обезбеди 1/8 финале

Португалија e третиот осминафиналист на ЕВРО 2024, по Германија и Шпанија, откако трумфираше со убедливи 3-0 против Турција во 2. коло од Групата Ф.

За само седум минути уште во првото полувреме, во 21. и во 28. минута Португалците дојдоа до два гола за „потоп“ на противникот.

Најпрво, во 21. минута по убавата акција од десната страна Бернардо Силва постигна гол за 1-0.