Меклафлин – Леврон постави светски рекорд на 400 метри со пречки

Американската атлетичарка Синди Меклафлин-Леврон го собори сопствениот светски рекорд на 400 метри со пречки на олимписките квалификации во Јуџин.

Таа стигна до целта со време од 50,65 секунди и го подобри сопствениот рекорд за три стотинки. Претходниот светски рекорд (50,68), Меклафлин-Леврон го постави на Светското првенство во 2022 година.

Ова е петти пат Меклафлин-Леврон да го собори светскиот рекорд на 400 метри со пречки.

Меклафлин-Леврон поради повреда го пропушти неодамнешното Светското првенство во Будимпешта, но со овој резултат обезбеди учество на Олимписките игри во Париз.