Бајлс го освои второто злато во Париз и шесто во историјата на Олимпијадите

Американската гимнастичарка Симон Бајлс го освои златниот медал во женски повеќебој на Олимпијадата во Париз.

Бајлс еднаш покажа дека во моментов е најдобра гимнастичрака на светот. Таа натпреварувањето го заврши со вкупно 59.131 поен по четирите справи. Иако беше трета по втората ротација, на крајот успеа да дојде до златото.

За Американката ова е втор златен медал во Париз, шести во кариерата и вкупно деветти медал на Олимпијадите.

Ребека Андраде (Бразил) се пласираше на второто место, повторно како и на Игрите во Токио 2020 година, со 57.932 поени.

Бронзата е за Суниса Ли (САД) со 56.465 поени.

Во салата „Берси“ во Париз за да го следи големото женско натпреварување беше и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах.