Едносменска настава и ревизија на учебниците, министерството за образование планира реформи

Министерството за образование планира да воведе едносменска настава во 124 училишта низ државата, вклучувајќи ги и училиштата во Охрид и Кавадарци, од почетокот на новата учебна година.

За таа цел, училиштата ќе се подготвуваат во наредниот период, додека во неколку други училишта ќе се доградат училници за да се овозможи истото. Министерката за образование, Весна Јаневска, истакнува дека ова ќе биде приоритет во наредните години, со цел подобрување на начинот на наставата. Таа додаде дека ќе се ревидираат и учебниците, посебно по историја, географија и македонски јазик, за да се обезбедат поквалитетни материјали за учениците.

„Ова ќе биде приоритет и ние развојно во неколку години ќе ги прилагодуваме сите училишта за таа настава која предвидува и промена во самиот начин на учење, подучување, ангажирање на наставниците и поголем престој на учениците во училиштата“, вели Јаневска.