Еколошката акција ,,Генералка викенд 2024″ реализирана и во Македонска Каменица

Општина Македонска Каменица се вклучи во реализација на најголемата национална акција за чистење и селектирање отпад – Генералка викенд 2024. Kако што соопшти градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, акцијата започна со чистење на дел од магистралата А3, на влезот на општината.

-Во акцијата главно учествуваа вработените во Јавното претпријатие Камена Река и дел од ЕЛС Македонска Каменица. Целта на акцијата е сите да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна Атанасовски.

На оваа акција како што додаде, можност да се приклучат имаа сите заинтересирани граѓани, граѓански организации, општествено одговорни компании и јавни институции.

-Да дадеме сите заедно масовна поддршка на оваа акција и заеднички да ја подигнеме свеста за зачувување на чиста и здрава животна средина, додаде Атанасовски.

Од општините во регионот акцијата Генералка викенд 2024 за утре е закажана и во Општина Пехчево.