Андоновски: Ќе го забраниме пристапот до стотина странски нелегални онлајн коцкарници

Забрана на веб-страните што приредуваат нелегални онлајн игри на среќа е една од примарните задачи со кои Владата ќе се справува во наредниот период. Ова го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, посочувајќи дека на оваа тема веќе е одржан состанок со Агенцијата за електронски комуникации, со Марнет, со претставници на телеком операторите и директорот на Лотарија, на кои се утврдени чекорите за справување со нелегалното онлајн коцкање.

„Првата фаза е забрана на домеините со точка мк (.мк), што приредуваат нелегални онлајн игри на среќа , зашто се во спротивност со Законот за организирање игри на среќа. Во втора фаза разговаравме за начините за забрана на странски домеини што се присутни на македонскиот пазар, а кои нелегално приредуваат игри на среќа. Нелгалноста на овие ве-страни е јасна, утврдена со закон, но нивното постоење тука е зашто тие се регистрирани некаде во светот и се лесно пристапни за нашите граѓани“, вели Андоновски.