Во Грција во контејнери со банани е запленет кокаин, вреден милион евра

Грчките власти заплениле кокаин вреден повеќе од милион евра, кој бил скриен во контејнер со банани, соопшти крајбрежната стража.

Околу 35 килограми кокаин се запленети во пристаништето Пиреја, а пратката била од Еквадор, пренесува Ројтерс.

Грчките власти во мај објавија дека разбиле меѓународна криминална група која шверцувала кокаин, транспортирајќи го во контејнери од Латинска Америка во Европа.

Неколку дена подоцна запленети се повеќе од 109 килограми кокаин сокриени во контејнер со замрзнати лигњи на брод во пристаништето Пиреја.