Category: Балкан

Post
Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија

Швајцарците го повлекуваат пченкарното брашно од Србија

Швајцарија го повлекува од пазарот жолтото и белото пченкарно брашно со потекло од Србија поради недозволено количество на микотоксинот фумонизим, соопшти европскиот систем за брза тревога и информации за храна РАСФФ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според веб-страницита на РАСФФ дозволената количината на овој микотоксин е 1000 µg/kg – ppb (илјада микрограми...

Post
Ѓедовиќ Хандановиќ: Во Србија состојбата со струјата е стабилна, нема причина за загриженост

Ѓедовиќ Хандановиќ: Во Србија состојбата со струјата е стабилна, нема причина за загриженост

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ во однос на проблемот со енергетскиот систем во регионот, изјави дека состојбата во Србија се уште е стабилна и дека граѓаните немаат причина за загриженост, јави дописникот на МИА од Белград. Ѓедовиќ Хандановиќ за РТС изјави дека прекинот на струјата што се случи вчера во Босна и...

Post
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија

Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија

Без електрична енергија од пладне е Тирана и повеќе градови во Албанија, како Корча, Елбасан, Скадар, Драч, Поградец, Лежа и Кукс. -Илјадници семејства останаа без струја во топол ден кога температурите достигнаа 41 степени Целзиусови и кога денешниот ден е еден од најтоплите денови. Недостигот на електрична енергија предизвика хаос во сообраќајот поради неработење на...

Post
РСЕ: Се очекува ЕУ делумно и постепено да ги укинува мерките против Косово

РСЕ: Се очекува ЕУ делумно и постепено да ги укинува мерките против Косово

Во Европската Унија нема целосен договор за укинување на казнените мерки на Косово, меѓутоа, како компромис, се очекува делумно и постепено отстранување на овие мерки вов едени пред една година. Ова, како што пренесоа медиумите во Приштина, го дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Унијата, по дискусиите што се одржаа, вчера, на 19...

Post
Во Сараево евакуирани три средни училишта по дојави за бомби

Во Сараево евакуирани три средни училишта по дојави за бомби

Во Сараево се евакуирани три средни училишта по дојава за поставени бомби, соопшти Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево. На мејловите на три сараевски средни училишта пристигнале пријави за подметнати бомби, поради што била потребна евакуација, потврди полицијата. Дојави беа упатени до Машинско-техничка, Градежно-геодетска и средното училиште за Биснис-комерцијала и трговија.

Post
Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Полицијата во Тирана заплени оружје и муниција прошверцувани од Косово

Во полициска акција во Тирана спречен е шверц на оружје и муниција внесени од Косово со цел продажба во Албанија. Во акцијата, на паркинг на автобуски терминал, биле фатени и уапсени четворица косовски државјани на возраст од 20 до 28 години. Двајца од нив во автобусот ставиле торба, во која се пронајдени 10 пиштоли, 10...

Post
Усвоена резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребереница

Усвоена резолуцијата на Генералното собрание на ОН за геноцидот во Сребереница

Во Генералното собрание на Обединетите нации (ГС ОН) изгласана е резолуцијата -Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница и осуда на негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници. За резолуцијата гласаа 84 држави, против беа 19, а воздржани 68 држави, јави дописникот на МИА од Белград. Подносители на Резолуцијата беа Германија и Руанда,...

Post
Маринакис: Признавањето на Палестина е дел од мировниот процес во рамките на сеопфатното политичко решение за Блискиот Исток

Маринакис: Признавањето на Палестина е дел од мировниот процес во рамките на сеопфатното политичко решение за Блискиот Исток

Грција останува посветена на спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност за решение со две држави, со источен Ерусалим како главен град на палестинската држава и на границите од пред 1967 година, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на тоа дали Грција има намера да ја...

Post
Во невремето во Србија загина жена

Во невремето во Србија загина жена

Во силното невреме кое го зафати Сомбор на северот на Србија и околината вчера, загина една жена. Дрво паднало на нејзиниот автомобил додека го управувала. „За време на силно невреме што го зафати Сомбор и неговата околина околу 17 часот, една жена загина кога дрво паднало врз возилото што го возела. Од повредите почина на...

Post
Лидерите на земјите од Западен Балкан ја истакнаа својата посветеност на реформите и европскиот пат

Лидерите на земјите од Западен Балкан ја истакнаа својата посветеност на реформите и европскиот пат

Лидерите на земјите од Западен Балкан на Самитот за планот за раст на Западен Балкан што се одржува во Котор денеска изразија очекување дека ќе бидат дел од поголем пазар и ја истакнаа својата посветеност на реформите и процесот на европска интеграција. Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на отворањето на третиот регионален самит за...