Обединетото Кралство го ограничува рекламирањето на нездрава и брза храна

Почнувајќи од октомври 2025 година, Обединетото Кралство ќе го ограничи огласувањето и рекламирањето после 21 часот на сите прехрамбени производи кои се сметаат нездрави за деца, вклучувајќи ја и брзата храна. Забраната исто така ги опфаќа интернет рекламите кои промовираат производи со висока содржина на масти, сол и шеќер.

Министерот за јавно здравје на Обединетото Кралство, Ендрју Гвин, потврди за медиумите дека нездравата храна ќе биде додадена кон листата на забранети содржини за огласување, кои веќе вклучуваат пороци како што се коцкањето и алкохолот. Сето тоа е дел од напорите на јавното здравство за подобрување на целокупното здравје на земјата, каде што особено загрижува фактот дека сè повеќе деца се со прекумерна тежина.