Палестинците првпат зазедоа место меѓу земјите-членки на Генералното собрание на ОН, ново право што ѝ беше дадено на делегацијата и покрај тоа што не е полноправна членка на телото.
Во мај, огромно мнозинство од Генералното собрание потврди дека Палестинците заслужуваат полноправно членство, потег што беше блокиран од САД.
Сепак, Генералното собрание со резолуција и додели на делегацијата одредени нови права, но се уште не може да гласа или да биде член на Советот за безбедност.
Од 79-та седница на Генералното собрание, која почна вчера, Палестинците можат да поднесат предлози и амандмани и да седат меѓу земјите-членки.
Палестинскиот амбасадор во Обединетите нации, Ријад Мансур, го зазеде своето место на место означено како „Држава Палестина“ меѓу Шри Ланка и Судан. – Ова не е само процедурална работа.
Ова е историски момент за нас, рече египетскиот амбасадор Осама Махмуд Абделхалек Махмуд. Исто како и при усвојувањето на резолуцијата, Израел го осуди потегот.
– Секоја одлука и или акција што го подобрува статусот на Палестинците, било во Генералното собрание на ОН или билатерално, во моментов е награда … за тероризмот воопшто и особено за терористите на Хамас, изјави Џонатан Милер, заменик амбасадор на Израел во Обединетите нации.