Хрватска на претседателските избори ќе има најмалку седум кандидати

Хрватска ќе има најмалку седум кандидати на претседателските избори во декември, откако поранешниот функционер на Движењето Татковина Марио Радиќ најави формирање на нова партија, која ќе има и свој кандидат за шеф на државата.

Првиот изборен круг од претседателските избори во Хрватска, трет изборен циклус годинава, ќе се одржи во декември, а кандидатурата прв ја објави актуелниот шеф на државата Зоран Милановиќ кој на изборите ќе се кандидира како кандидат на СДП, поранешната функционерка на коалицијата Мост, сега независна пратеничка Марија Селак Распудиќ, како и Драган Приморац, кој беше поддржан од неговата поранешна партија – ХДЗ.

Кандидатура најави и кандидатката на партијата Ние можеме Ивана Кекин, а за денеска беше најавена кандидатурата на Аурора Ваис, која сосема спектакуларно во хрватските медиуми беше објавена како советник на претседателот на Република Српска, Милорад. Додик.

Претседателските избори во Хрватска се закажани на крајот од годинава кога граѓаните по трет пат ќе излезат на гласање, за претседателските избори. Се очекува, како и на изборите на кои победи Зоран Милановиќ, првиот круг да се одржи на крајот на декември 2024 година.

Доколку има втор круг, тој ќе се одржи на почетокот на 2025 година, до кога актуелниот претседател Милановиќ има петгодишен мандат.