Одредени двојките за 1/16-финалето во Купот на Македонија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за 1/16-финалето во Купот.

Натпреварите во оваа фаза ќе се одиграат на 18.септенври, ќе започнат во 15 часот.

Куп на Македонија – 1/16-финале

  • Новаци – Вардар
  • Победа – Гостивар
  • Џепчиште – Шкупи
  • Кожуф – Арсими
  • Вардар Неготино – АП Брера
  • Јени Маале – Шкендија
  • Беласица – Македонија ЃП
  • Башкими – Воска Спорт
  • Охрид – Беса
  • Слога Виница – Струга ТЛ
  • Шкендија Арачиново – Работнички
  • Карбинци – Силекс
  • Борец – Детонит Плачковица
  • Скопје – Пелистер
  • ФК Слободен – Брегалница

Актуелниот победник на Купот, Тиквеш, во оваа рунда е слободен.