Едно лице загина, 34 мигранти се спасени додека се обидувале да го преминат Ла Манш

Едно лице го загуби животот, а 34 се спасени откако чамец со мигранти се обидел да го премине Ла Манш од Франција до Британија и наишол на тешкотии, соопштија денеска француските власти.

Спасените мигранти се префрлени во службите за вонредни ситуации, соопшти ресорната управа.

Повеќе од 12.000 баратели на азил пристигнаа во Велика Британија оваа година, а многумина го преминаа Ла Манш со преполни чамци со ризик да се превртат.

На почетокот на месецов, четворица мигранти загинаа при обид да го преминат каналот од Франција до Британија.