Проекција на идниот собраниски состав: ВМРО-ДПМНЕ – 59 пратеници, ДУИ – 19, СДСМ – 18, Вреди – 13, Левица – 6, ЗНАМ – 5

Според проекциите на ДИК, од досега преброените гласови Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ во идниот 120 член собраниски состав би имала 59 пратеници, коалицијата Европски фронт на ДУИ 19 мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 18, Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 13, Левица 6 Движење ЗНАМ – За наша Македонија пет пратеници.