Турција: Жена моли да биде опериран нејзиниот затворeн сопруг кој боледува од рак на жлезда

Турција: Жена моли да биде опериран нејзиниот затворeн сопруг кој боледува од рак на жлезда

Абдулазиз Орпек е затвореник во Турција кој веќе две години боледува од рак на жлезда. Неговата сопруга Ајшегул Каратургут на социјалните мрежи објави дека на Орпек не му се пружа потребната медицинска помош во затворот. Од надлежните побара да му ја пружат потребната помош и да му биде овозможена итна операција.

„Јас не барам да го ослободите мојот сопруг. Јас барам да го оперирате. Покрај тоа што боледува од рак, тој има проблеми и со срцето и високиот притисок. Зошто никој не сака да ме слушне. Тој има само 46 години. Кога ќе умре тогаш ли ќе се сетите на него? Зошто има потреба од ваква тортура? Го напуштивте на смрт. Ве молам да нѝ помогнете“ – напиша Каратургут на својот профил.

Орпек е уапсен на 25 декември минатата година под обвинение за наводна поврзаност со продажба на дрога, по што е осуден на 17,5 години затворска казна. Неговото досие сега се наоѓа пред апелациониот суд.

- Мојот сопруг боледува од рак на тироидната жлезда. Требаше да биде опериран во февруари годинава. На секои 3 месеци треба да прави контрола. Повеќе од 40 документи испратив до јавниот обвинител кој го води случајот. Сите се доказ дека има сериозно заболување. Потоа го однесова на лекар за интерни болести. Тој не може да знае за неговата болест. Треба да го однесат на ендокринолог – изјави сопругата Каратургутлу во изјава за веб порталот Болд Медја.

СЕ БОРИ СО ТРИ БОЛЕСТИ

Каратургутлу изјави дека пред три години на Орпек му е поставен стенд и потенцира дека боледува од висок притисок.

- Сега во затворот безпомошно се бори со три болести. И мене пред 5 години ми беше дијагностициран рак на стомакот. Тој е во затвор. Јас тука дома се мачам со оваа болест. Имаме една мала ќерка. Тој беше излажан од некои луѓе бидејќи имаше многу долгови. Искрено ја призна својата вина пред судот. Јас барам да биде пуштен на домашен притвор, како би можеле да го лекуваме– изјави Каратургутлу.