Турција: Писмо на уапсена професорка по математика: Мојата 3,5 годишна ќерка почна да прима психотераписки лекови

Турција: Писмо на уапсена професорка по математика: Мојата 3,5 годишна ќерка почна да прима психотераписки лекови

„Точно 311 ден сум неправедно уапсена. Во една година само два пати ја видов мојата ќерка. Многу плачеше. Ме гледаше преку стакло, во затворската чекалница, но не можеше да ме допре. И двете сме во лоша психолошка состојба. Ќерка ми има 3,5 години и почна да прима психотераписки лекови. Ништо не сака да јаде! Многу сум тажна и безпомошна“

Ова е дел од писмото на 31 годишната наставничка по математика Хулја Бајден, која веќе една година неправедно се наоѓа во затвор во Турција поради обвинение за наводно членство во движењето Ѓулен. Taa е уапсена на 17 декември минатата година, заедно со нејзиниот сопруг Мехмет Јасин Бајден. Сега нивната 3,5 годишна ќерка живее без своите родители и е во многу лоша состојба.

Бајден испрати писмо до пратеникот и активист за човекови права Омер Фарук Гергерлиоглу.

„ДЕНЕС ЈА ДОНЕСОА ЌЕРКА МИ НА ПОСЕТА, МНОГУ ПЛАЧЕШЕ“

„Дури по 9 месеци ми направија ДНА тест. 23 дена бев во самица поради состојбата со Ковид 19. Дури потоа можевме да ги завршиме процедуралните работи за ќерка ми. Точно 311 ден сум во затвор, а дури денес ја видов по втор пат. Многу плачеше. Ме гледаше позади стаклото, но не можеше да ме допре. Тоа што не можевме да се прегрнеме ја влоши нашата психолошка состојба. Ќерка ми од минатата недела почна да прима психотераписки лекови“ – вели Бајден во своето писмо.

Бајден во писмото бара да ѝ се овозможи праведно судење. Таа тврди дека е безправедно уапсена.

„Многу често има кризи на плачење. Се затвора во собата и не сака со никој да комуницира. Ги одбива сите јадења“ – додава Бајден во врска со состојбата на ќерка ѝ.

TR_226e8.jpg

БАРАМ ДА МИ СЕ ОВОЗМОЖИ ПРАВЕДНО СУДЕЊЕ

Бајден тврди дека не ѝ овозможено праведно судење, па затоа побара да ѝ се овозможи.

„Моето судење беше извршено преку електронскиот систем СЕГБИС. Ме осудија на 9 години и 9 месеци затвор, иако имаше големи технички проблеми (лош звук и лоша слика). Единствено барам праведно судење. Поради неправедното судење, од вишиот суд барам да ја поништи првостепената одлука и да ми овозможи повторно праведно судењe“ – пишува Хулја Бајден во своето писмо.

Нејзиниот сопруг Мехмет Јасин Бајден се наоѓа во затворот во Битлис (илјадници километри подалеку од местото на живеење). Пред месец и половина заболе од коронавирус. На 16 декември 2020 година ќе има рочиште во врска со неговото обвинение.

Во продолжение Ви го пренесуваме целосното писмо на Хулја Бајден испратено до пратеникот од опозициската партија ХДП, Омер Фарук Гергерлиоглу:

TR_319db.jpg

„Почитуван пратенику, Ви пишувам од женскиот затвор во Бакиркој. Сакам да ви се заблагодарам поради тоа што ги примате моите писма и ми пишувате одговор. Среќна сум што мојот глас допира до некого од овие четири ѕидови каде што сум безпомошно затворена. Го добив вашето писмо кое ми го испративте на 14.10.2020 година, како одговор на моето претходно писмо. Многу ви благодарам на чувствителноста.

Како што Ви пренесов во претходните писма, јас се породив во домашни услови. Поради тоа мојата ќеркичка не можевме да ја запишеме во матична книга. Во тој период почина и мојот 26 годишен брат кој зад себе остави е мали дечиња. Бев многу тажна. На 17.12.2019 година најпрвин бев приведена, а потоа и уапсена. Иако поминаа девет месеци, мене дури сега ми прават ДНА тест за потврда на родителство над ќерка ми. Поради меркие на Ковид-19 23 дена бев во самица. Затоа дури сега конечно успеав да ја запишам ќерка ми. Јас веќе 311 дена сум во затвора, а само два пати ја видов ќерка ми. Денес беше вториот пат. Многу плачеше кога ме виде. Се видовме преку сткаклена ограда, не можев да ја гушнам. Тоа не уништи и двете. Сега таа престојува кај баба ѝ и дедо ѝ кои ми кажаа дека докторот минатата недела ѝ препишал психотераписки лекови. Таа секој ден плаче, се затвора во собата и не сака ништо да јаде.

На 17.12.2019 година од нашиот дом во Силиври, бевме приведени заедно со мојот сопруг, каде што живееме подолго време. Тој веднаш е преместен во Битлис (1500 км оддалеченост од Силиври). Јас дента бев изведена пред суд преку електронскиот систем СЕЛБИС и веднаш бев осудена на 9 години и 9 месеци казна затвор. Иако имаше големи технички проблеми со електронскиот систем, сепак судијата ја донесе таа одлука. Барам праведно да ми се суди. Од вишиот суд барам да ја поништи оваа пресуда. Мојот сопруг сеуште е во затворот во Битлис. Пред месец и пол беше заболен од Коронавирус. Последниот тест беше негативен. Искрено се надевам дека со ваша помош ќе можеме повторно да го видиме нашето девојче. Сакаме да бидеме заедно со нашето мало девојче кое има потреба од своите родители. Мојот сопруг ќе биде изведен пред суд на 16.12.2020 година.

Јас имам 31 година. Во мојот живот секогаш бев достоинствена. И така сакам да продолжам. Многу сум немоќна. Многу сум тажна. Веќе сакам да сум со мојата ќерка и силно да ја прегрнам. Ве молам да нѝ помогнете да се поправи неправдата извршена врз мене и мојот сопруг. Ви посакувам се најдобро.

Хулја Бајден