НБА: Дурент испиша историја

НБА: Дурент испиша историја

Кошаркарите на Денвер триумфираа на гостински терен над Феникс со 119-111, но причини за славје имаше и кошаркарот на поразениот тим Кевин Дурент, кој испиша и се искачи на десеттото место на вечната листа на најдобри стрелци во НБА лигата.

Дурент на дуелот со Денвер постигна 30 кошеви и дојде на бројката од вкупно 27.423 кошеви во кариерата.

Од десеттото место на вечната листа Дурент го истисна легендарниот Мозес Малоун, кој во кариерата постигна вкупно 27.409 поени.

Најдобар стрелец во историјата на НБА лигата е Леброн Џејмс (39.124), кој меѓу првите му честиташе на Дурент на рекордното остварување.

MK_50d56.jpg

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.