Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024

Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024

Реката Сена треба да биде местото каде за време на летните Олимписки игри идната година во Париз треба да се натпреваруваат пливачите маратонци, како и триатлонците, а организаторот на Игрите вложува големи средства за сè да мине во најдобар можен ред.

Организаторите на Олимписките игри 2024 во Париз најавија дека ќе вложат 1,4 милијарди евра со цел натпреварувачите да имаат совршени услови во Сена.

Најголемиот дел од парите ќе бидат вложени во резервоари за складирање на дождовницата, а потоа ќе бидат искористени за да се спречи загадувањето на реката.

Организаторите секојдневно ќе го проверуваат квалитетот на водата во реката пред и за време на Игрите идното лето.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.