Санкции за 171 возач поради брзо возење низ државата

Санкции за 171 возач поради брзо возење низ државата

За брзо возење вчера биле санкционирани 171 возач при акциската контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на државата.

Како што информираат од МВР, од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 95 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.

 

Последни вести

Заман Македонија

ZAMAN.MK ©
1994 - 2020 - СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ.
Забрането е преземање на содржина без претходна дозвола на редакцијата.