Испораката на природен гас од Русија во Македонија засега стабилна

Испораката на природен гас од Русија во Македонија засега стабилна

Испораката на природен гас од Русија во Македонија засега е стабилна. Не е проблем тоа што земјава се снабдува преку Бугарија а за неа Русија не пушта од своите ресурси.

Во исто време се бараат и алтернативи за природен гас од други места. Во меѓувреме, во завршна фаза е изградбата на гасификационата мрежа во земјава. Од следната година почнува процесот на изградба на дистрибутивната мрежа која треба да стаса до домаќинствата.

„Секако ние се подготвуваме да најдеме алтернатива, од другите страни од каде што се снабдува и Бугарија со Турција, со одреден капацитет на резервоари со природен гас. Целата оваа работа се очекува да се хармонизира во октомври. Новиот интерконектор помеѓу Бугарија и Грција со еден план за огромниот капацитет да се распоредува и на другите држави во регионот“, рече Реџепи.