Радев ја свика првата седница на бугарскиот парламент на 3 декември

Радев ја свика првата седница на бугарскиот парламент на 3 декември

Бугарскиот претседател Румен Радев за 3 декември ја свика првата седница на новоизбраното 47 Народно собрание, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Во парламентот има седум партии. Тоа се „Продолжуваме со промената“, ГЕРБ, БСП, „Има таков народ“, МРФ, „Демократска Бугарија“ и „Преродба“.

Во минатата недела се водеа преговори за формирање коалициска влада меѓу „Продолжуваме со промените“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“. Средбите беа поделени на вкупно 18 теми, на кои преговараа 18 посебни тимови. Разговорите на експертско ниво завршија доцна во саботата.