Пожар кај хотел „Буши“ во Старата чаршија, нема повредени

Пожар кај хотел „Буши“ во Старата чаршија, нема повредени

Голем пожар избувна во хотел Буши во Старата скопска чаршија. Некои луѓе побарале лекарска помош поради задушување, а во пожарот сега зацега нема повредени, пишува Алсат.

Во гаснењето на пожарот интервенирале бројни противпожарни екипи, додека екипи на Брзата помош е на терен, за да им ја пружат потребната медицинска помош на лицата кои се пожалиле на задушување. Причините за пожарот се уште не се познати, додека штетите се многубројни. Според некои неофицијални информации, пожарот настанал откако првично се слушнала и експлозија.