Филипче: Не очекуваме силен бран, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни

Филипче: Не очекуваме силен бран, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека не се очекува нов силен бран на ковид-19, но не треба да се опуштиме. Тој го потенцира фактот дека вакцинацијата игра голем удел, што се покажа и во изминатиот период, кога во градовите каде што има висок процент на имунизирани граѓани немаше притисок врз болниците.

„Навистина е тешко да се каже, овој бран беше силен и имаше голем број на новодијагностицирани и пациенти на кои им беше потребно болничко лекување само во градовите каде што е низок опфатот со вакцинација, а во градовите каде што беше повисок немаше метежи во болниците. Сега на територија на државата е пораснат опфатот со вакцинација, сметам дека силен бран не би требало да има, но тоа не значи дека не треба да сме внимателни и да ја следиме состојбата“, изјави Филипче.