Димитров: Бугарија го крши Договорот за добрососедство

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, рече дека не може да има напредок во разговорите за одблокирање на евроинтеграциите бидејќи Бугарија уценува и го крши Договорот за добрососедство. Како што рече тој, Софија го прекршила членот 2, кој предвидува таа да ни помага на европскиот пат, а не да нè блокира.

„Големиот проблем за напредок во разговорите е атмосферата на уцена. И македонскиот народ и бугарскиот народ имаат една изрека, – со сила нема убавина. За вистинска блискост и вистински напредок не може да стане збор ако опстане оваа атмосфера на уцена. Не може да имаме блискост и напредок кога се уценува“, рече Димитров.